Уредете го Вашиот простор во бохо стил

Ако во минимализмот водечко правило е „помалку е повеќе“, во бохо стилот главното
мото гласи - „помалку е помалку и повеќе е повеќе“. Затоа, ако сакате неконвенционален
дизајн на собите во вашиот дом, продолжете да ја читате оваа блог статија во која ќе ви ги
откриеме клучните карактеристики со кои ќе го трансформирате вашиот „здодедвен“
внатрешен ентериер во возбудлив бохо стил.

Бохо стилот е препознатлив по неограниченоста, односно по целосната слобода во
уредувањето. Главната карактеристика, а воедно и најлесна за примена на бохо стилот е
уникатниот спој помеѓу винтиџ и модерно. Доколку се препуштите комплетно на вашата
имагинација и ја искомбинирате со винтиџ, модерни и еклектични елементи ќе оставите
свој, оригинален печат во бохо стил.

Бохо стилот не дозволува да има празни места во просторот, па затоа декорирајте ја
собата без страв. Дозволете вашиот дом да наликува на „хаотичен“ и пополнете го секој
агол со вашите омилени детали, внесувајќи удобност и препознатливост на вашата
личност во декорацијата на боемската дневна или спална соба.

Просториите кои се уредени во бохо стил, даваат ефект на удобност и опуштеноста, а тоа
ќе го постигнете со употреба на различни текстили како што се таписерии, ќебиња,
перници, килими, несекојдневни тапацири и слично. На тој начин, конечно ќе им најдете
намена на сите ткаенини кои со години ви стојат во плакар, а имаат голема семејна
вредност.

Уште една репрезентативна карактеристика на ваквиот стил на уредување е зеленилото.
Одберете растенија што најмногу ви се допаѓаат и врамете повеќе слики во кои доминира
зелената боја. Растенијата освен што ќе внесат боја и живот, го прочистуваат воздухот во
просторијата, со што се создава совршена боемска атмосфера. Растенијата како фикус,
кротон, папрати, кактус, монстера или сансевиерија се прв избор за сите бохо-љубители.

Единствената негативна страна на бохо уредувањето е тоа што ќе ви треба многу повеќе
време за секојдневното чистење и средување, затоа што има многу детали и ситници кои
треба едно по едно да се пребришат.

Бохо стил на уредување е совршено решение за сите љубители на ретро, модерно и
природно во еден ист простор. Можеби и затоа бохо стилот е проследен со храброст и
уникатност.