Економични и ефикасни начини за греење

На сите ни е многу важно сметките што ги плаќаме за греење да бидат што пониски, а во домот секогаш да ни биде удобно и топло. Во зависност од тоа дали живеете во станбена зграда или во куќа, зависи и каков систем за греење ќе имате. Греењето на дрва е можно само за оние кои живеат во куќи, додека во стан немате таква опција. Доколку живеете во стан просториите можете да ги загреете со радијатори поврзани на градско или сопствено парно, со електрична печка или радијатор и клима.

 

Пред да започнете да размислувате за промена на начинот на греење, треба да бидете сигурни дека имате добра надворешна изолација и дека нема да го губите топлиот воздух низ прозорите и вратите. За таа цел, обезбедете си квалитетен станбен простор и на тој начин ќе бидете чекор поблиску до економично грење.

 

Греењето на централно парно е најзастапено, но дефинитивно не е најекономичен начин. Можеби во зимските месеци сметките ќе изнесуваат прифатлив износ, но во лето ќе имате непотребен трошок, бидејќи и тогаш се плаќа паричен надомест за централно парно. Економично и ефикасно решение е сопствено парно и трошоците ќе се сведат на минимум, само за грејните месеци.

 

Доколку живеете во нова станбена зграда со добра изолација, идеално решение за вас е инвертер клима. На тој начин обезбедувате трајно решение и за затоплување и за ладење на просториите во домот.

 

За оние кои живеат во куќа изборот е поголем и имаат можност за греење на дрва. Овој начин е економичен, но воопшто не и еколошки прифатлив. За да ги затоплите ладните куќни простории, може да изберете сопствено парно или подно греење и со тоа ќе заштедите за инсталација, но и понатаму за месечни трошоци.