Зачекорете во иднината на дизајнот на ентериер, каде што креативноста не познава граници, внатрешен ентериер е простор за самоизразување и функционално подобрување. Трендови не треба да се следат слепо, но секогаш може да инспирираат, затоа најдобрата формула за уникатен внатрешен дизајн е вашата идеја дополнета со моменталните трендовски парчиња.
За успешно да ја искомбинирте вашата желба со трендовите, треба да одлучите кој тековен тренд најмногу ви се допаѓа и да го прилагодите на вашиот животен стил.
Во моментов, еколошкиот дизајн на ентериер е најпопуларен, главен акцент се става на биофилните елементи, одржливите материјали и живите ѕидови. Биофилниот дизајн ја истакнува поврзаноста со природата, буди чувство на одговорност кон околината, поттикнува мир и спокој. Така што, во новодизајнираните простории се очекуваат повеќе зелени ѕидови, дневна светлина, органски „шмек“ со дрвен мебел, камени детали и сезонски растенија.
Дизајнери се фокусираат на употреба на еколошки материјали и обновување на искористен мебел, затоа што на тој начин се подобрува општата благосостојба на животната средина и токму тоа е целта на овој вирален тренд.
Исто така, популарно е дизајнот на ентериер да се фокусира на создавање практичен простор, парчињата мебел што служат за повеќе намени се користат најмногу и постојано се бараат нови начини како да се искористи максимумот од достапниот простор, без да се наруши естетиката.
Трендовите се само насока, затоа дозволете вашиот дом да ја одразува вашата личност и донесете ја природата во вашиот простор.