Реновирање на домот - кога е најсоодветен период од годината?

Реновирањето на домот може да биде подеднакво возбудливо и стресно. Ако подолго време планирате големо реновирање и размислувате да направите промени во вашиот домашен простор, тогаш сигурно сте неодлучни во кое годишно време да започнете со работа.


Кога го подготвувате планот за реновирање, прво што треба да одредите е што точно ќе се реновира, кој дел од домот е најприоритетен, колкав е вашиот буџет и кога најдоцна треба да завршите со процесот на реновирање. Според ваквиот план, полесно ќе одредите кој период од годината ќе биде најсоодветен.

Најпопуларна сезона за реновирање е помеѓу мај и јули, но тоа не значи дека е и најсоодветна. На пролет најголемиот број од мајсторите и градежните компании се веќе резервирани, а тоа ќе ви го отежнува и успорува процесот. Уште една причина зошто да не започнете со реновирање во пролет/лето се високите температури, а тоа значи дека во најтоплите часови од денот, работниците ќе мора да прават подолги паузи и ќе ви биде потребен подолг временски период за вашите идеи да ги претворите во реалност. Во периодот од средина на ноември до фебруари, условите повторно нема да бидат на ваша страна. Сигурно не сакате да имате отворени врати и прозори кога надвор ќе има минусни температури. Во зимската сезона уште една голема пречка се и празниците, затоа што во месеците демекври и јануари има многу неработни денови и зимски одмори.

Па според ова и според вашиот план за реновирање, најсоодветен период од годината за реновирање е од средината на месец февруари до крајот на месец мај и од септември до почеток на ноември. Всушност, во овие месеци временските услови воопшто нема да ви претставуваат проблем, ќе имате поголем избор за градежни фирми и работници, а во најтоплите или најстудените периоди од годината ќе имате доволно време вашиот план да го ставите на хартија, ќе можете да ги преиспитате вашите одлуки чекор по чекор ќе се подготвите за целиот процес на реновирање.