-
24.5.2023
-
Ентериерно уредување
Кога станува збор за светските трендови, тие се наметнуваат од поголемите компании и полека се спуштаат до регионални и локални компании кои сакаат да го следат наметнатиот тренд. Сакајќи да се истакнеме во она што го работиме и да го привлечеме вниманието на клиентите, убаво е да бидеме во тек со светските трендови.
Без разлика дали ги следите трендовите кога станува збор за уредување на канцелариски простор или, едноставно, следите некоја од вашите желби, она со што дефинитивно никогаш нема да погрешите се old-school трендовите.
• Back to black
Вечната и непогрешлива црна боја отсекогаш доминирала и давала софистициран изглед со наметнатиот монохроматски дизајн. Затоа, не е ни чудо зошто ваквото опремување најде свое место во многу директорски канцеларии, конгресни сали и адвокатски канцеларии.
• Монохроматски
Монохроматскиот изглед е карактеристичен затоа што фаворизира една боја која се влева во многу посветли нијанси на омилената боја. И доколку би сакале дизајнери да ја уредуваат вашата канцеларија, 4 од 5 дизајнери ќе го следт монохроматскиот изглед клучен тренд во украсувањето на проектите.
• Скандинавска декорација
Скандинавскиот тип на канцелариски дизајн се карактеризира со минималистичка форма и едноставен концепт со минимална декорација. Исто така, скандинавскиот стил изобилува со осветленост и пастелни нијанси, така што дополнително го отвора и освежува просторот. Уредувањето во овој стил е карактеристично за многу
книговодствени, адвокатски канцеларии и приемни објекти на лаборатории и клиники.
• Patchwork
Patchwork е уникатна комбинација на изработка на канцелариски мебел и канцелариски фотелји, така што тие неодоливо личат на рачна изработка. Комбинацијата од неколку бои, материјали и различни текстилни дезени. Тој разнобоен принт и дополнителна текстура на канцеларискиот мебел е карактеристична декорација на многу дизајнерски студија, уметнички студија и веб дизајнери.
• Ретро
Ретро е стил кој дојде инспириран од 1970-тите. Мешавина на минимализам со навестување на ретро модели на канцелариски столчиња кои сега се само малку редизајнирани. Канцелариските маси со широка работна плоча, столчињата за пишување со нова дизајнерска форма во иновативна боја се препознаваат како идеален тренд и потсетување на нешто што беше многу популарно во експанзијата на индустриската ера.
Во секој случај, секогаш можете да го креирате вашиот деловен простор според вашите желби и потреби. Најдобро е кога избирате од сè она што го прави вашиот работен простор инспиративен за работа.
Поврзани блог статии